skip to Main Content

Усвоен третиот пакет економски мерки за заживување на македонската економија

    3
Усвоен третиот пакет економски мерки за заживување на македонската економија

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 54-та седница го разгледа и усвои третиот пакет економски мерки за заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на КОВИД-19.

-Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска а со што ќе ја зголемиме и нашата конкурентност, и во регионот и пошироко- стои во владиното соопштение.

Третиот пакет содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на нашата економија и заедно со ефектите од мерките првите два пакета, создаваат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија.

Предлог мерките се систематизирани во 3 главни столбови:

  1. Платежни картички за граѓаните – за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности;
  2. Директна поддршка на македонското стопанство – иновативност и развој за зачувување на постојните и за нови работни места
  3. Поддршка за земјоделците – нови приходи од плодната македонска земја.
3

ТАГОВИ: Влада економија легислатива пакет мерки

Back To Top