skip to Main Content

Усвоен ребалансот на буџетот за 2019 година

    2
Усвоен ребалансот на буџетот за 2019 година

Владата на Република Северна Македонија вчера ја одржа својата редовна 152-ра седница на којашто усвои информации и донесе одлуки за повеќе точки од дневниот ред како дел од својата Програма за работа.

На оваа седница Владата на РСМ го усвои ребалансот на буџетот за 2019 со кој, меѓу другото, се алоцираат средства како поддршка на бизнисот за исплата на повисоки плати и како директни вложувања во потребите и потенцијалите на луѓето.

Владата на Република Северна Македонија вчера ја усвои Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи. Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи е документ кој на системски начин ги поттикнува и обврзува субјектите на системот за управување со кризи, заштита и спасување, да дејствуваат на многу поорганизиран и ефективен начин за рано предупредување, превенција, намалување и санирање на последиците од можни катастрофи. Со оваа Платформа Владата ги поставува и развива системите и стандардите за спречување и намалување на последиците од катастрофи, користејќи ги научните и стручните капацитети, посебно обврските кои произлегуваат од бројните резолуции на ООН, меѓународните рамки, директивите на ЕУ поврзани со цивилната заштита, НАТО стандардите и компаративните искуства од другите држави и меѓународни организации и асоцијации.

На оваа своја седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување на Протокол за соработка во областа на земјоделството помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство на Хашемитското Кралство Јордан и го овласти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски да го потпише протоколот.

Министрите ја разгледаа информацијата за запознавање со проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и донесоа одлука да се формира работна група во која ќе членуваат повеќе министерства којашто до 1-ви октомври треба да достави информација со конкретни предлог заклучоци кои ќе се однесуваат за сите државни универзитети како и за дефицитарните струки на пазарот на трудот.

Оваа и информација и заклучоците произлезени од неа и прифатени се седницата дојдоа како резултат на средбата на , Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија д-р Кочо Анѓушев, Министерот за образование Арбер Адеми и Заменик министерот за финансии д-р Ширет Елези, одржаа состанок со претставници од сите технички факултети при Универзитетот “Св. Кирил со претставниците од Машински факултет, Архитектонски факултет, Градежен факултет, Технолошко-металуршки факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на кој без разгледувани можностите за надминување на недостаток од висок стручен кадар, за решенија за ниските плати на техничкиот кадар, за подобрување на условите за одржување на предметната настава со соодветна опременост на техничките лаборатории.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ – Универзитетска клиника за кардиологија.

На вчерашната седница беше разгледана и усвои Информацијата со Иницијатива за соединување – централизирање на дејноста Онкологија и Радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија – Скопје со основање на подрачни Одделенија во ГОБ “8ми Септември” – Скопје, КБ Штип и КБ Битола, како и низ останатите градови во Републиката и се задолжи Министерството за здравство да достави Aкциски план за реализација на инцијативата со конкретни чекори, рокови, правни модалитети.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот презентираше Информација до Владата на Република Северна Македонија со препораки за обуки до сите државни институции со цел зајакнување на домашниот туризам. Во препораките се наведува дека обуките и сите други настани кои се организираат за различни профили на граѓани и вработени во административниот сектор, а кои потпаѓаат во рамките на буџетот, да се организираат на дестинации во нашата држава, со цел поддршка на локалните туристички бизниси и зголемување на домашниот претприемначки дух. Покрај ова, една од важните придобивки е фактот што средствата одвоени за реализирање на различен вид обуки и настани, ќе останат во рамките на домашниот буџет.

Владата ја разгледа Информацијата за состојбата со набавката на локомотивите за потребите на Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје, со правно и техничко образложение зошто е испорачана само една од договорените 4 локомотиви, во рамките на заемот од Европската банка за обнова и развој, како и за моменталната состојба со патничките гарнитури со наведени причини зошто не е направен технички прием. Владата ги задолжи Органите на управување на Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје, да формира интерна Комисија која детално ќе ја разгледа и ќе ја прикаже состојбата од технички и правен аспект, со хронологија на настаните, и да ангажира правна помош од надворешно лице, со искуство во арбитражи, кое врз основа на целокупната документација ќе може да и даде насока на Владата за правните можности со цел да се изготви Акциски план и Стратегија за понатамошно постапување за нереализираната набавка.

2

ТАГОВИ: владина седница

Back To Top