skip to Main Content

Усвоен Законот за враќање на дел од ДДВ

    6
Усвоен Законот за враќање на дел од ДДВ

Со 65 гласаа „за“, ниту еден против или воздржани, Собранието доцна синоќа го усвои Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност (ДДВ ) на физичките лица. Законот ќе почне да важи од 1 јули.

Македонското собрание во скратена постапка го донесе Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, чија цел, според Владата како негов предлагач, е намалување на даночната евазија.

Со пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.

6

ТАГОВИ: Закон за ДДВ

Back To Top