skip to Main Content

Усвоена Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО

    2
Усвоена Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО

На редовната 7-ма седница што се одржа во Охрид, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО.

Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која што во рок од 10 дена треба да изработи предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Во врска со оваа точка Министерството за транспорт и врски доби задолжение да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за Катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која во рок од 10 дена ќе изработи акциски план за постапување по Инвентарот за бесправно изградени објекти и спроведување за соодветните студии, и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Владата им препорача на Советот на Општина Охрид, Советот на Општина Струга и Советот на Општина Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум за градба во заштитената зона донесени во август 2019 година, се до усогласување на постоечките планови со режимите за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029).

2

ТАГОВИ: владина седница УНЕСКО

Back To Top