skip to Main Content

Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска

    6
Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска

Апелацискиот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на денешната нејавна седница  Кривичниот совет на Судот донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ненад Јосифовиќ од Скопје, Кирил Божиновски од Скопје, Зорица Арсовска од Скопје и Миле Јанакиевски од Скопје.

Истовремено, додава Апелацискиот суд во соопштение, со четири различни решенија на Кривичниот совет на Судот на обвинетите Јосифовиќ, Божиновски, Арсовска и Јанакиевски им е определена мерката куќен притвор.

Вака донесените одлуки, соопшти Апелацискиот сауд, ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

6

ТАГОВИ: Апелација

Back To Top