skip to Main Content

Укината пресудата за мобингот за кој се теретеше Панчевски

    2
Укината пресудата за мобингот за кој се теретеше Панчевски

Поранешниот претседател на основниот суд Скопје 1 Скопје, Владимир Панчевски, кој сега е распореден да суди на материја прекршоци, денеска на својот Фејсбук профил објави дека Апелациониот суд во Скопје ја уважил жалбата поднесена од негова страна, изјавена против пресудата на Основен суд Скопје 2 Скопје, со која истиот беше неправосилно осуден за мобинг врз судскиот службеник Горан Стаменковски.

-Денес видов објава од решението со кое е укината пресудата за мобинг за која ми судеше колешката Хилда Мешкова од Основниот суд Скопје 2 Скопје, понеписмена пресуда од нејзината не сум видел досега, колешката ми судеше во едно време кога режирани напади добивав од сите страни и истата пресуди како што пресуди тогаш не коментирав но сега нема да молчам. Неможам ниту да им заборавам на сите медиуми кои учествуваа во јавниот линч денес добија сите мејл порака, им честитам на професионалците на сите други ќе им служи на чест, знаат самите за кого одработувале!- пишува Панчевски на Фесјбук.

Стаменковски го тужеше Панчевски дека неосновано го разрешил од раководната функција, дисциплински го казнил и го преместил во судот за прекршоци. Навел повеќе причини за мобинг врз него, кои на судењето ги поткрепуваше со изјави од вработени од Кривичниот суд.

2

ТАГОВИ: Владимир Панчевски мобинг

Back To Top