skip to Main Content

Уважено барањето за одлагање на затворската казна на Јанкулоска

    7
Уважено барањето за одлагање на затворската казна на Јанкулоска

Кривичниот суд излезе со соопштението во кое ја информира јавноста дека Врховниот суд го уважил решението со кое се бара одлагање на затворската казна на поранешната министерска за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

-Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува- е наведено во соопштението од Кивичниот суд.

Во решението е наведено дека,  извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот  кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Гордана Јанкулоска е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ  и осудена на казна затвор во траење од 4 години, се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ.

7

ТАГОВИ: врховен суд Јанкулоска Кривичен суд

Back To Top