skip to Main Content

Убиство во Тетово

    3
Убиство во Тетово

Три лица се лишени од слобода по пукање во угостителски објект во Тетово, при што е убиено едно лице, соопшти МВР.

-На 2.3.2019 околу 23:50 часот пријавено е дека во угостителски објект на улица „29 Ноември“ во Тетово, Л.Д. (46) од Тетово пукал во А.А. ( 46 ) од Тетово, со кого претходно, заедно со уште неколку лица седеле на една од масите и консумирале алкохол, при што му нанел смртоносна повреда. Л.Д. сам се пријавил во Полициската станица Тетово, а во врска со случајот лишени се од слобода уште две лица М.А. (31) од Тетово и Л.Р. (37) од с.Лисец, а едно само се пријавило, е наведено во дневниот билтен на МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на А.А. е дадено на обдукција и се работи на целосно документирање на случајот.

3

ТАГОВИ: МВР убиство

Back To Top