skip to Main Content

Уапсен скопјанец кој превезувал дванаесет мигранти

    2
Уапсен скопјанец кој превезувал дванаесет мигранти

Триесет и седумгодишниот И.Б. од Скопје е уапсен вчера под сомнение дека превезувал мигранти, извести полицијата. Засега се знае дека тој вчера управувал автомобил „ауди 8“ со скопски таблички, а во него превезувал 12 мигранти.

-На 01.12.2019 во 12.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(37) од Скопје, поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, Б.И. со патничко моторно возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 лица мигранти од Авганистан, а при обид да биде запрен, го напуштил местото на настанот- наведуваат во дневниот билтен од МВР.

Мигрантите биле пренесени во ТЦ Табановце, а Б.И. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

2

ТАГОВИ: апсење МВР мигранти шверцер

Back To Top