skip to Main Content

Уапсен маж кој сексуално вознемирувал повеќе жени

    7
Уапсен маж кој сексуално вознемирувал повеќе жени

Во Полициската станица Чаир синоќа е приведен 20- годишен маж кој во повеќе наврати е пријавуван од различни жени, дека ги допирал по телото и им се обраќал со вулгарни зборови.

-На 07.11.2018 година во 19.30 часот во Полициската станица Чаир било приведено лицето А.Ф.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија. По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови- информира МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

7

ТАГОВИ: МВР сексуално вознемирување

Back To Top