skip to Main Content

УЈП со кривични против правни лица кои затајувале данок

    3
УЈП со кривични против правни лица кои затајувале данок

Управата за јавни приходи денеска информираше дека ќе поднесе кривични пријави против Меѓународниот сојуз, чиј претседател беше Бојан Јовановски, против фирмата „БМЈ груп“, во чија сопственост беше 1 ТВ, и против „Томато продукција“, во чии простории беше сместена телевизијата.

Управата за јавни приходи ги товари за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари. УЈП ги утврдила неправилностите при контроли извршени во правните лица.

Бојан Јовановски е обвинет во случајот „Рекет“. Истовремено се води постапка и за други лица од Меѓународниот сојуз за перење пари и измама.

3

ТАГОВИ: затајување данок УЈП

Back To Top