skip to Main Content

Турски државјанин со фалсификуван пасош сакал да си го регулира престојот во нашата држава

    3
Турски државјанин со фалсификуван пасош сакал да си го регулира престојот во нашата држава
Преправениот пасош обвинетиот го употребил како вистински во два наврати, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Обвинетиот, на 25 февруари при поднесување барање за привремен престој и на 11 мај при подигање на дозволата за привремен престој на странец во Република Северна Македонија, употребил преправена јавна исправа – турски пасош.

На оригиналната патна исправа било извршено отстранување и замена на оригиналната втора страница која содржи лични податоци и фотографија на имателот на патната исправа.

Вметната нова неоригинална страница се разликува од оригиналот по техничките карактеристики на печатење, флуоресценцијата и по конецот со кој е сошиен буклетот на патната исправа.

3

ТАГОВИ: исправа фалсификување

Back To Top