skip to Main Content

Три рочишта на СЈО во Кривичен

    4
Три рочишта на СЈО во Кривичен

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје за денеска се закажани три рочишта врз кои има надлежност Специјалното јавно обвинителство (СЈО). „ Тотал“, „Топлик“ и  „Тарифа“ се судењата кои треба да се довиваат денеска во Кривичниот суд во Скопје.

Предметот со кодно име „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и консалтинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ Скопје.

Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а Павловиќ-Латас за 63 илјади евра.

Во предметот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.
На обвинителната клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во предметот со кодно име  „Тарифа“, во кој се однесува на обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.
4

ТАГОВИ: Кривичен судење

Back To Top