skip to Main Content

Три лица уапсени откако кај нив е пронајдена кеса со кокаин

    3
Три лица уапсени откако кај нив е пронајдена кеса со кокаин

При претрес во Тетово, полициски службеници пронашле една кеса со кокаин, пола литар шише со непозната течност и други предмети со остатпци од кокаин, информира МВР во дневниот билтен.

-На 05.06.2019 година во 15.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско. Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5 литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин- соопшти МВР.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

3

ТАГОВИ: кокаин МВР

Back To Top