skip to Main Content

Три години казна затвор за Кичеец

    3
Три години казна затвор за Кичеец

Третообвинетиот во предметот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец денеска е осуден на три години казна затвор.

Кичеец во овој предмет, придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител.

Во казната ќе биде пресметан и притворот, плус Милески, ќе треба да ги подмири и судските трошоци.

Може во доказната постапка во случајот „Рекет” Милески да биде повикан и како сведок на одбраната или на ОЈО, истакна обвинителката Рускоска после изрекувањето на пресудата.

-Задоволна сум од пресудата. Не очекував поголема казна, бидејќи призна вина и досега е неосудуван- рече шефицата на Одделот на ОЈО за борба против организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Судењето продолжува во петок против првообвинетиот Јовановски кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и второобвинетата Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

3

ТАГОВИ: казна затвор кичеец рекет

Back To Top