skip to Main Content

Три години затвор за обвинетата која го прегази малиот Давид

    13
Три години затвор за обвинетата која го прегази малиот Давид

По дадените завршни зборови во 14 часот денеска во Кривичниот суд во Скопје беше објавена пресудата, за малиот Давид кој беше смртно прегазен на 18.09.2015 година во Скопје, во непосредна близина на Зоолошката градина, на пешачки премин, судот изрече ефективна казна затвор во времетраење од три години за причинителот на несреќата.

Пред да се изрече пресудата, судијката Софија Лаличиќ изрази сочувство до семејството на починатиот Давид и истакна дека не може да го прифати ставот на вештите лица, кои велат дека сообраќајната незгода е исклучиво по негова вина, по вина на малотениот Давид, сметајќи дека токму обвинетата имала примаран допринос кон оваа страотна незгода.

Судот смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување, за сите учесници во сообраќајот, со цел зголемено внимавание на сите учесници во сообракајот.

Токму од тие причини судот изрече ефективна казна затвор од три години, за обвинетата Маја Лукаревска, инспектор при Агенција за храна и ветеринарство. Судот како олеснителна околност го зема во предвид фактот дека обвинетата е мајка на две деца и дека претходно не е осудувана, на оваа санкција обвинетата има право на жалба.

Полномошник на оштетената (мајката на Давид) е адвокат Јанаки Митровски.

13

ТАГОВИ: Давид пресуда сообраќајка

Back To Top