skip to Main Content

„Траекторија“ и „Тендери“ закажани во Кривичен

    4
„Траекторија“ и „Тендери“ закажани во Кривичен

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани две судења за предмети врз кои има надлежност Специјалното јавно обвинителство, „Траекторија“ и „Тендери“.

Во предметот со кодно име „Траекторија” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во предметот со кодно име „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

4

ТАГОВИ: Кривичен

Back To Top