skip to Main Content

„Траекторија“ и „Монструм“ продолжуваат во Кривичен суд

    3
„Траекторија“ и „Монструм“ продолжуваат во Кривичен суд

Pочишта за предметите „Траекторија“ и „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство се закажани за денес во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Предметот со кодно име „Траекторија” е во доказна постапка. Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Предметот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

 

3

ТАГОВИ: судење Траекторија

Back To Top