skip to Main Content

„Титаник 3“ и „Титаник“ закажани во Кривичен

    5
„Титаник 3“ и „Титаник“ закажани во Кривичен

Два предмети за кои има надлежност Специјалното јавно обвинителство се закажани денеска во Основниот суд Скопје 1 Скопје, станува збор за предметите со кодно име „Титаник 3“ и „Титаник“.

Овој предмет е поврзан со изборните нерегуларности, кај јавноста познат под името „Титаник“, за кое има наделжност Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Овој предмет сè уште е во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО.

Во овој предмет, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Во предметот со кодно име „Титаник 3“ се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Судијката Марија Клетничка го води овој предмет, откако судијката Оља Ристова, која првично го водеше овој предмет побара изземање, кое и беше одобрено од страна на претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев.

5

ТАГОВИ: Кривичен суд СЈО

Back To Top