skip to Main Content

„Титаник“ продолжува во Кривичен

    6
„Титаник“ продолжува во Кривичен

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот поврзан со изборните нерегуларности, кај јавноста познат под името „Титаник“, за кое има наделжност Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Овој предмет сè уште е во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО.

Во овој предмет, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

6

ТАГОВИ: sudewe titanik

Back To Top