skip to Main Content

„Титаник“ на СЈО продолжува во Кривичен суд

    5
„Титаник“ на СЈО продолжува во Кривичен суд

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје за денеска е закажано судењето за изборните нерегуларности во 2011 година, кај јавноста овој предмет е познат како „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште на 13 февруари беше одложено поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко.

Истрагата за предметот со кодно име „Титаник“ беше отворена на ден 12.02.2016 година, а на ден 30.06.2017 година е поднесен обвинителен акт против 21 лица за кривичните дела „Злосторнично здружување“ од член 394 од Кривичниот законик на Република Македонија, „Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања“ од член 165 од Кривичниот законик на Република Македонија, „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, „Повреда на избирачкото право“ од член 159 од Кривичниот законик на Република Македонија, „Повреда на слободата на определување на избирачите“ од член 160 од Кривичниот законик на Република Македонија, „Уништување на изборен материјал“ од член 164 од Кривичниот законик на Република Македонија, и „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

5

ТАГОВИ: судење Титаник

Back To Top