skip to Main Content

„Таргет-Тврдина“ и „Топлик“ продолжуваат во Кривичен

    4
„Таргет-Тврдина“ и „Топлик“ продолжуваат во Кривичен

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска треба да се одржат две судења за кои има наделжност Специјалното јавно обвинителство (СЈО), предметите со кодно име „Таргет- Тврдина“ и „Топлик“ се закажани во 10 часот претпладне во Кривичниот суд.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Во предметот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.
4

ТАГОВИ: Кривичен судења

Back To Top