skip to Main Content

Сè уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти за „Талир“

    8
Сè уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти за „Талир“

Советот за оценка на обвинението поднесено од СЈО за предметот „Талир“ одржа јавна седница  во присуство на странките, но до овој момент сè уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.

-Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинителните акти поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за предметот од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница во присуство на странките, но до овој момент сè уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти, наведуваат од Основен суд Скопје 1 Скопје.

Со оглед дека за овој предмет против еден обвинет, врз основа на признание на вина, веќе е донесена пресуда, од Судот посочуваат дека не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти.

-Како и за сите други предмети кои се во интерес на јавноста, Основниот суд Скопје 1 навремено ќе ги извести странките и јавноста за решението на Советот на оценка на обвинителн акт за конкретниот предмет, кога истото ќе биде изготвено, се додава во соопштението.

Истрагата за предметот со кодно име „Талир“ беше отворена на ден 22.05.2017 година против вкупно 11 лица, и тоа поради постоење на основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „Перење на пари и други приноси“, од казниво дело по член 273 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, при што 9 лица се осомничени како директни извршители, додека две лица се осомничени како помагачи за истото кривично дело, односно поради постоење на основано сомнение дека 5 лица од вкупно 11-те осомничени сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, по член 353 став 4 в.в. став 3 в.в. став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија од кои двајца во својство на директни извршители, додека тројца во својство на помагачи.

Имено, во овој предмет станува збор за незаконско финансирање на политичка партија преку злоупотреба на службената положба на осомничените лица. Постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот како претседател на политичката партија му биле добро познати законските ограничувања, сепак тој во периодот од 2009 до крајот на 2015 година овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби, при што мотивите на делување на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и обезбедување на целосна контрола над политичката партија. Истрагата за овој предмет е во тек.

8

ТАГОВИ: „Талир“ Кривичен суд

Back To Top