skip to Main Content

Судот му изрече осум години казна затвор на Владимир Талески

    8
Судот му изрече осум години казна затвор на Владимир Талески

Единаесет лица обвинети во предметот со кодно име „Транспортер“ се осудени на затворски казни, а десет од обвинетите заработија условни казни.

Највисока казна од 8 години затвор доби поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. На затвор од 6 години и 6 месеци е осуден вработениот во општината Слободан Бончановски.

Обвинетите директори на битолските средни и основни училишта се осудени на условни затворски казни. Управителите на превозните компании од Битола, судот ги осуди на затворски казни од 2 год и 2 месеци до 3 год и 3 месеци.

Предметот „Транспортер“, се однесуваше на злоупотреба на службената положба, во овој предмет беа обвинети 20-тина лица.

Меѓу нив е и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, се  товареа за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

8

ТАГОВИ: казна затвор Кацарска судење талевски Транспортер

Back To Top