skip to Main Content

Судот изрече затворски казни: Боки-13 осуден на девет години затвор, Јанева на седум

    11
Судот изрече затворски казни: Боки-13 осуден на девет години затвор, Јанева на седум

Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се прогласени за виновни во случајот „Рекет“.

Јовановски доби затворска казна во времетраење од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

Пресудата ја соопшти судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска-Максевка. Ова  е првостепена пресуда, а странките имаат право на жалба до повисокиот суд – Апелација. Рокот за жалби е 15 дена, а откако ќе се произнесе Апелацискиот суд, тогаш пресудата ќе стане правосила доколу ја потврди одлуката, но може и да го врати предметот на повторно судење.

11

ТАГОВИ: Боки 13 катица пресуда рекет

Back To Top