skip to Main Content

Судијката Кацарска го прекина судењето

    4
Судијката Кацарска го прекина судењето

Бранителот на обвинетиот Горанче Ангелевски- Ќосето ја напушти судницата, поради како што наведе, попречување на правото на одбрана.

Адвокатот Тони Менкиновски изјави дека не му бил овозможен увид во предметот, при што смета дека е направена повреда на правото на правично судење, повикувајки се на две пресуди од Европски суд за човекови права во Стразбур, по што бранителот ја напушти судницата.

Судечкиот судија Добрила Кацарска даде пауза од еден час со цел одредување на адвокат по службена должност за обвинетиот Ангелевски.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

На денешното рочиште прв своите воведни зборови ги даде адвокатот на обвинетиот Иван Цветановски, Драган Пешевски. Тој нагласи дека обвинителството за истото дело досега дало четири различни правни квалификации. Тој смета дека обвинителството имало доволно време да ги квалификува овие настани, истакнувајќи дека лошо си ја завршило неговата работа.

4

ТАГОВИ: 27-ми април адвокат собрание

Back To Top