skip to Main Content

Судиите и обвинителите нема да одат на минималец, Уставен ја замрзна уредбата

    2
Судиите и обвинителите нема да одат на минималец, Уставен ја замрзна уредбата

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по вчерашната одржана седница ја известува јавноста дека одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со која се предвидуваше избраните и именувани функционери да земат минимална плата или 14.500 денари, како кризна мерка за време на вонредната состојба.

Уставниот суд во своето соопштение вели дека ќе се поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020);
Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020); и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

Исто така, Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020);

Една од одлуките која ја донесе судот е да се поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020) и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Исто така, судот ќе поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбата чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Нема да се поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 и 97/2020).

2

ТАГОВИ: надоместоци плати Уставен суд

Back To Top