skip to Main Content

Судиите ги поддржаа судските службеници во нивните барања

    2
Судиите ги поддржаа судските службеници во нивните барања

Основниот кривичен суд Скопје дава подршка на судските службеници при остварување на нивните барања изразени преку синдикатите во кои членуваат, па со таа цел и судската управа вчера зема учество на протестот.

Воедно, од Кривичен истакнаа, дека вчера судот работеше без никакви застои и нуту една главна расправа на притворски, итни или предмети со поголем број обвинети не беа одложени заради протестот, се со цел да се излезе во пресрет на странките во постапките и да не дојде до непотребно одолговлекување на судењата.

Претседателот на судот, судија Иван Џолев вчера беше пред судот на протесниот собир, каде за медиумите ја изрази својата поддршка.

-Тука сме заедно со судската управа на Кривичниот суд Скопје за да дадеме подршка на судските службеници, сметаме дека заслужуваат повисоки плати и примања. Станува збор за едни од највредните службеници генерално  во државата заедно со здравствените и просветните работници и во таа смисла сметам дека и судските работници треба да имаат, по разни основи, повисоки примања. Тие навистина имаат стресна работа, имаат многу работа и не гледам зошто не би ги подржале. Не гледам проблем ниту во Судско буџетскиот совет и ние судиите и советот ги подржуваме судските службеници во нивните барања, очигледно е дека во минатото платите се зголемувани и таа тенденција треба да продолжи. Во случај на нов протест или штрајк Законот предвидел како се постапува и итните и притворските предмети, како и денеска,  нема да трпат и ќе се судат, но да не претпоставуаме што ќе се случи во иднина, се надевам дека ќе се изнајде решение  – судија Иван Џолев.

2

ТАГОВИ: иван џолев протест судска администрација

Back To Top