skip to Main Content

Судењето за предметот „Тортура“ ќе почне одново

    4
Судењето за предметот „Тортура“ ќе почне одново

Минаа речиси две години откако започна судењето за предметот со кодно име „Тортура“, но поради  промени во составот на поротниците, овој предмет ќе мора да започне одново со сослушување на сите предложени сведоци.

Инаку, денешното судење на „Тортура” се одложи поради болест на судијката Александра Ристеска. Во „Тортура“ СЈО ги обивини ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски Пуки, и уште петмина „алфи“.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 февруари 2018 година, а досега беа сослушани десетина сведоци. Следното рочиште е закажано за 22 октомври.

4

ТАГОВИ: „Тортура“ Љубе Бошковски

Back To Top