skip to Main Content

Судењата за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство

    3
Судењата за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство
Следејќи ги препораките на Министерство за здравство, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.
-Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство- наведуваат во соопштение од Министерството за правда.
Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други  можности за информирање, како видео пренос и слично.
-Исто така очекуваме во судовите и јавното обвинителство да се почитуваат сите останати мерки кои до сега ги препорача Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија- наведуваат од Министерството за правда.

 

3

ТАГОВИ: коронавирус Министерство за правда сзо

Back To Top