skip to Main Content

Стапува на сила забрана за носење невакцинирани деца во градинките

    6
Стапува на сила забрана за носење невакцинирани деца во градинките

Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мала сипаница на подрачјето на Град Скопје, откако претходно биле регистрирани 12 нови лица заразени од оваа болест. Сите 12 новозаразени лица не биле вакцинирани, станува збор за деца на возраст од осуммесечна возраст, но и возрасни со 32 и  47 години.

Од 12-те нови случаи, шест се потврдени, а другите шест имаат типична клиничка слика. За нив од Министерството дополнителни информации најавија за утре.

Како дел од мерките што денеска на прес-конференција ги најави министерот за здравство Венко Филипче, се задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП, како и дека од утре стапува на сила забрана за носење невакцинирани деца во градинките.

-Информираме дека за жал на територијата на градот Скопје има нови 12 случаи, 6 се дефинитивно потврдени со соодветните анализи, за останатите 6 ги очекуваме во текот на следниот ден. Од 15.000 невакцинирани деца со повиците од вакциналите пунктовите само 310 се вакцинираа, што е мала бројка. Добра околност е што училиштата не работат, поради распустот. Но, секако состојбата ја имаме под контрола. Станува збор за исклучително сериозно заболување што за жал понекогаш е фатално по животот на децата. Секое непочитување на препораките е дополнителен ризик по здравјето на целото население“, изјави министерот Филипче- изјави Филипче.

Билјана Данаиловска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Скопје информира дека практично ако го сумираме бројот на заболени во текот на изминатиов месец од 19.12.2018 година кога се појави епидемија на локално ниво во населба Радишани досега имаме регистрирани 19 случаи, од кои 13 се докажани и шест сомнителни за кои чекаме лабораториско потврдување во текот на утрешниот ден.

Таа додадае дека од потвредените случаи во Скопје имаат регистрирано три случаи во општина Бутел, и по еден случај во општинините Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром, додека од сомнителните случаи два во општина Аеродром и по еден случај во општините Бутел, Центар и Ѓорче Петров.

Доктор Жарко Караџоски од Институт за јавно здравје  истакна дека не може да се очекува да се има добар опфат ако имаме во народот анти-вакцинална кампања од лица што се некомпетентни, нестручни кои пропагираат некаква замисла дека детето треба да прооди и да прозбори па дури тогаш да се вакцинира, што е, како што рече, медицински неоправдано.

Доктор Караџоски информира дека родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе бидат казнети од 350 до 650 евра.

Доктор Сања Петрушевска Маринковиќ од Инфективната клиника рече дека во моментот во нивната клиника имаат хоспитализирани осум пациенти со јасна клиничка слика на морбили, шест од нив се потврдени, додека кај двајца чекаат лабораториско потврдување. Таа наведе дека сите пациенти се со компликација, а најголем дел од нив се со бронхопневмонија како најчеста компликација.

6

ТАГОВИ: вакцини Филипче

Back To Top