skip to Main Content

Спасовски изврши увид на спроведувањето на полицискиот час

    3
Спасовски изврши увид на спроведувањето на полицискиот час

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во придружба на дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски синоќа направија увид на неколку полициски пункта непосредно по стартувањето на одлуката на Владата за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија од 21 до 6 часот наутро.

Премиерот Спасовски, во изјавата за медиумите истакна дека ова е моментот кога за прв пат во историјата се воведува ограничено движење на граѓаните заради спречување на ширењето на коронавирусот.

-Знаете сите дека сега ништо не е исто, во вакви околности и однесувањето е вонредно и одговорно. Граѓаните да ја почитуваат мерката и укажувањата на овластените полициските службеници. Многу е важно е да се почитуваат и укажувањата и рестрикциите и за дневни движења. Одговорноста е на сите нас. Не е само на здравството, на полицијата, на армијата, туку оваа мерка треба да ја почитуваат сите граѓани на нашата земја. Колку поодговорно се однесуваме, толку поодговорно ќе се справиме со целата оваа ситуација- рече Спасовски.

Спасовски апелираше до секој граѓанин на одговорност, апелирам да останат дома, да не се излегува без нужна потреба од домовите.

-Само така ќе застанеме на патот на ширењето на вирусот. Сакам да се заблагодарам на здравствените работници, на сите полицајци, на Армијата, на пожарникарите, на комуналните претпријатија, на новинарите. Сите сме заедно на фронтот на битката за здравјето, за животот на граѓаните. Сакам да бидеме сплотени, единствени, да ги почитуваме одлуките на институциите, да се држиме заедно и да останеме здрави и да победиме во оваа битка- рече Спасовски.

3

ТАГОВИ: обиколка петровска полициски час пунктови спасовски

Back To Top