skip to Main Content

Спасовски: Со зајакнување на истражните центри до спроведување на владеењето на правото

    3
Спасовски: Со зајакнување на истражните центри до спроведување на владеењето на правото

Подобрување на ефикасноста на системот на кривична правда и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата со криминалот е целта на твининг-проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар“ – ИПА 2016, со кој ќе се обезбеди поддршка за Јавното обвинителство, министерствата за правда и за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во зајакнувањето на истражните центри,  на чија промоција вчера свое обраќање имаше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Декларирајќи неспорна политичка волја и намера не само за рестартирање на целосно блокираната државна функционалност, туку и за преземање на нови, реални, опсежни реформски зафати во насока на обезбедување основа за напредок и развој на македонското општество во целост, ние во изминативе две години отпочнавме низа крупни нормативни, институционални и други промени. Притоа бевме мотивирани токму од целта што ја нагласив – владеењето на правото- истакна министерот Спасовски.

Осврнувајќи на придобивките од проектот со кои дополнително се операционализираат можностите на Законот за кривична постапка, меѓу другото и во делот на јакнење на соработката помеѓу Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, министерот Спасовски рече дека основната задача на Истражните центри треба да биде ефикасно и ефективно спроведување на кривичната постапка, за која се надлежни јавните обвинители.

-Поентата е Истражните центри да овозможат и суштинска независност и самостојност на јавните обвинители во истражувањето на случаи од висок профил на закана, како што се организиран криминал, корупција, перење пари и други национални и транснационални закани- рече Спасовски.

Покрај обезбедување услови за водење ефикасни и мултидисциплинарни истраги од кои што во иднина ќе се обезбедува цврста евиденција за обвиненијата презентирани пред судовите, министерот за внатрешни работи нагласи дека на овој начин истовремено ќе се овозможи и подобра заштита на човековите права за лицата во предистражните и истражните постапки, како и во судските процедури.

-Само така ќе може да се остварат сите премиси за практично спроведување на владеењето на правото, а преку тоа и за целосно враќање на довербата на граѓаните кон институциите на системот- подвлече Спасовски.

Твининг-проектот, финансиран од Европската Унија, кој го спроведува Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) во партнерство со Министерството за правда на Хрватска, започна во мај 2019 година и ќе трае 24 месеци.

3

ТАГОВИ: МВР спасовски Твининг-проектот

Back To Top