skip to Main Content

Спасовски: МВР ги поддржува сите иницијативи кои овозможуваат поквалитетна заштита на децата од насилство (видео)

    2
Спасовски: МВР ги поддржува сите иницијативи кои овозможуваат поквалитетна заштита на децата од насилство (видео)
Ретки се оние меѓународни правни акти кои што имаат толку силна поткрепа и поддршка како што е Конвенцијата за правата на детето на ОН, документ што веќе точно три децении претставува легислативна основа за универзалното право за сеопфатна заштита на децата., говореше вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на Конференцијата на УНИЦЕФ за ставање крај на насилството врз децата – Западен Балкан.
-Како дел и од нашето законодавство, ова универзално право е институционално и општествено етаблирано како обврска, како наша должност постојано и бескомпромисно да работиме во заштитата и унапредувањето на животот на сите наши деца- истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. на Конференцијата на УНИЦЕФ за ставање крај на насилството врз деца
та – Западен Балкан.
Притоа, тој забележа дека искуствата на модерните општества говорат дека, за жал, позицијата на децата е предмет на загрозување, на злоупотреба, на насилство различно по форма и обем, и дека тие мора да бидат во фокусот на постојана грижа и заштита.  Особено што многу од тие трауми остануваат како реални хендикепи со коишто жртвите мораат да се соочуваат и живеат.
Според министерот Спасовски, низ призмата на полициското искуство честопати било евидентирано дека некогашната жртва наталожените трауми ги демонстрира со подоцнежно криминално или насилничко поведение. Оттука, проблемот нема само откривачко-репресивен карактер, туку неговата превенција и сузбивање се далеку покомплексни прашања на кои што заедницата треба постојано да посветува сериозно внимание и конкретна дејствителност, во партнерство со невладиниот сектор и со репрезентативни меѓународни асоцијации како што е и домаќинот на оваа конференција – УНИЦЕФ.
-МВР, во овој контекст, безрезервно ги поддржува сите иницијативи и предлози што ќе овозможат поквалитетна заштита на децата од насилство, унапредување на стандардите и нормите во тој сегмент, притоа максимално отворајќи се за меѓуинституционална соработка и акција. Во тој смисол никој не треба да има никаков сомнеж. Во крајна линија, ние не само како поединечни ресори, туку и како Влада демонстриравме силна политичка волја и решителност да се зафатиме со справувањето со сите тешки и наталожени проблеми, независно од каква природа се, така што јас сум убеден дека и на овој план, заеднички, ќе донесеме решенија кои што ќе значат поквалитетна нормативна и општествена грижа и заштита на децата од сите облици на загрозување, влучително и против насилството врз нив- подвлече министерот Спасовски.
https://www.youtube.com/watch?v=3zq2UiI-q6o&feature=emb_title
2

ТАГОВИ: деца насилство насловна спасовски

Back To Top