skip to Main Content

Собранието не му го одзеде мандатот на Груевски 

    6
Собранието не му го одзеде мандатот на Груевски 

Собранието на Република Македонија денеска не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.  „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против.

Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата препорача да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.

Денешната одлука на пратениците да не му го одземе мандатот на Груевски не го одложува извршувањето на казната.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но, тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

 

6

ТАГОВИ: груевски собрание

Back To Top