skip to Main Content

Се продолжува период на престој на странци чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба

    4
Се продолжува период на престој на странци чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба

Донесена е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба, информира МВР.

-Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година и со истата се продолжува период на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој. Периодот на престој се продолжува, како за времетраење на вонредната состојба, така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година- стои во соопштението на МВР.

Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Уредбата ви е достапна во прилог на соопштението.

Имајќи предвид, велат од МВР, дека во наредните месеци очекуваме постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, им укажуваме на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци.

Службата за странци на централно ниво на МВР, како и подрачните единици за странци, стојат на располагање за сите прашања во врска со регулирање на статусот на странците во државата.

            Контакт податоци:

1.       Единица за странци и реадмисија (Оддел за гранични работи и миграции): e-mail: SGRM_OSR@moi.gov.mk, телефон: +389 2 314 4478

2.      Отсек за странци и реадмисија за град Скопје (РЦ за ГР Север):

e-mail:OSRSkopje@moi.gov.mk, телефон: +389 72 911 728

4

ТАГОВИ: mvr МВР странци уредба

Back To Top