skip to Main Content

Се подготвуваат законски решенија за олеснување на финансискиот товар на граѓаните

    2
Се подготвуваат законски решенија за олеснување на финансискиот товар на граѓаните

Водејќи се од начелата на социјална правда и правичност, Министерството за правда до крајот на неделата ќе излезе со сериозни предлози на закони коишто ќе бидат од огромен бенефит за граѓаните.  

Станува збор за три законски решенија – дел кои предвидуваат измени во Законот за извршување, но и создавање на посебни закони за решение на каматите и репрограмирањето на долговите. 

-Го изменивме Законот за извршување, го доуредивме постапувањето на извршителите и  сериозно ја намаливме Тарифата на извршителите. Така, за извршување на платните налози за комунални дејности, трошоците на граѓаните се намалени најмалку 5 пати. Единаесет ставки од Тарифата на извршителите со новите измени се сега бесплатни, односно за нив извршителите немаат право да наплаќаат трошоци- наведуваат во соопштението од Министерството за правда.

Во однос на денешниот протест на Комората на извршителите, укажуваме дека Комората е автономна во своето одлучување. Во креирањето на законските решенија, Министерството за правда ги разгледува опциите за правичност во извршувањето и заштита како на доверителите, така и на должниците.

2

ТАГОВИ: законско решение правда

Back To Top