skip to Main Content

Сеопфатна реформа на системите за социјална и детска заштита

    3
Сеопфатна реформа на системите за социјална и детска заштита

Обврска на Владата е да посвети сериозен дел од својот Буџет токму на борба против сиромаштијата. Денеска зборуваме за решение кое треба да ги извлече од сиромаштија граѓаните кои се во ризик, рече министерот за финансии Драган Тевдовски на прес конференцијата за сеопфатна реформа на системите за социјална и детска заштита.

Министерот за финансии Тевдовски појасни дека за спроведување на овие реформи за идната година се издвоени 2,2 милијарди денари.

-Со оваа промена ќе бидеме сигурни дека нема да има гладни деца во Македонија. Целта на реформата е да има доволно за примателите на социјална помош да можат повторно да се вклопат во општеството. Цели генерации беа изгубени во екстремна сиромаштија. За жал, кога родителите се толку сиромашни, малку веројатно е дека децата ќе излезат од тој круг. Покрај паричната помош, можеби и поважна е мерката за повторно враќање на овие категории на граѓани на пазарот на трудот. Најпрво преку социјалните работници и АВРМ кои секојдневно ќе бараат работа заедно со овие граѓани, говореше Тевдовски.

За министерот Тевдовски, најважен е притисокот децата да одат секојдневно на училиште. Тоа ќе ги врати во процесот на образование и ќе им помогне да излезат од сиромаштија.

-Придобивки за приватниот сектор и економијата се многукратни. Се зголемува потрошувачката, и се подобрува и збогатува пазарот на трудот. Земјите во кои имаат подобар систем на социјална заштита покажуваат одлични резултати во намалувањето на невработеноста.Не смееме да им го вртиме грбот на нашите сограѓани на кои сме им најпотребни- подвлече Тевдовски.

Поради непостоењето на вакво соодветно системско решение, истакна министерот, граѓаните бараат помош од медиумите. Не можеме да се потпираме само на хуманоста на граѓаните, време е за системско решение на овој проблем. Им должиме подобра иднина на најранливите граѓани на Македонија.

3

ТАГОВИ: сиромаштија Тевдовски

Back To Top