skip to Main Content

Седум години затвор за таткото кој ја продаде ќерка си за 6 илјади евра

    14
Седум години затвор за таткото кој ја продаде ќерка си за 6 илјади евра
Предметниот кривично правен настан се случил во 2013 година кога Т.Д. ја присилил на брак својата тогаш 17 годишна ќерка и ја продал за 6.000 евра на семејство во Словенија.  Оштетената малолетничка таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни.
-За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвиителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надлежен јавен обвинител веднаш започна истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што прв пат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак- наведуваат во соопштението од ОЈО.
14

ТАГОВИ: брак затвор малолетничка ОЈО

Back To Top