skip to Main Content

Сеад Кочан повторно одбиен за одложување на затворската казна

    4
Сеад Кочан повторно одбиен за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции го одби барањето на осудениот бизнисмен Сеад Кочан поради болест да се одложи извршувањето на затворската казна, соопшти денеска Основниот кривичен суд. Кочан има право на жалба на оваа одлука до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд и по правосилноста на одлуката тој е должен веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

-По добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано. Решението е веќе доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна- се вели во соопштението на судот.

Основниот кривичен суд Скопје првостепено го осуди Кочан на 6 години затвор на 20 јули 2018, а на 11 март 2019 Апелациониот суд му ја намали казната на 4 години и 8 месеци. Второобвинетиот во истиот предмет, Василие Авировиќ, доби две години условно од Апелација, откако првостепено беше осуден на три години затвор.

Кочан поднел и барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“.

4

ТАГОВИ: Кривичен суд Сеад Кочан

Back To Top