skip to Main Content

СЈО со појаснување до јавноста за случајот „Рекет“

    8
СЈО со појаснување до јавноста за случајот „Рекет“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) излезе со појаснување до јавноста во врска со снимката поврзана со случајот „Рекет“, во кое појаснуваат, дека недвосмислено се потврдувало дека нема конекција помеѓу изреченото на снимката и предлозите кои што се носени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одлуките на судовите.

– На 6 февруари 2019 година ова Јавно обвинителство до Апелационен суд Скопје поднесе предлози за продолжување на мерката куќен притвор за трите осомничени лица. Постапувајќи по тие предлози Апелациониот суд Скопје на 7 февруари 2019 година донесе решенија за продолжување на мерката куќен притвор во времетрање од 30 дена. Потоа, против решенијата на Апелациониот суд Скопје трите осомничени лица изјавија жалби до Врховниот суд. По повод изјавените жалби, ова Јавно обвинителство на 21 февруари 2019 година до Врховниот суд достави предлози, жалбите да се одбијат како неосновани и да се потврдат решенијата на Апелациониот суд за продолжување на мерката куќен притвор- стои во појаснувањето од СЈО.

Врховниот суд, велат од СЈО, и покрај ваквите предлози на ова Јавно Обвинителство, на 4 март 2019 година донел решенија со кои се уважени жалбите на трите лица, решенијата на Апелациониот суд Скопје се преиначени и е укината мерката куќен притвор.

Во појаснувањето, велат оттаму, дека наспроти сите мислења дадени од нивна страна да не се укинат мерките притвор за овие лица, Врховниот суд одлучил спротивно на тие мислења. СЈО се надева дека ова појаснување ќе ги запре сите шпекулации за поврзаноста на ова Јавно обвинителство со случајот „Рекет“.

8

ТАГОВИ: Катица Јанева појаснување рекет СЈО

Back To Top