skip to Main Content

СЈО појаснува дека сè уште не добиле писмен допис од ЈО

    2
СЈО појаснува дека сè уште не добиле писмен допис од ЈО

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја информира јавноста дека сè уште немаат добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство на РСМ за да можат да известат дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство.

-Во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство. Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата- стои во официјалното соопштение на СЈО.

Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството.

2

ТАГОВИ: СЈО

Back To Top