skip to Main Content

СЈО од денес ќе ги предава предметите на ЈО

    3
СЈО од денес ќе ги предава предметите на ЈО

Од Специјалното јавно обвинителство вчера соопштија дека се подготвени да го извршат трасферот на сите отворени случаи, истраги и предистраги на Јавното обвинителство, тој процес треба да отпочне денес пред истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева на 15 септември.

-Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија  доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази- соопштија од СЈО.

Инаку, зградата на СЈО останува во сопственост на Јавното обвинителство, но не е познато дали истите обвинители ќе ги водат предметите.

3

ТАГОВИ: ој предмети СЈО

Back To Top