skip to Main Content

Рочишта за „Траекторија“ и „Триста“ на СЈО во Кривичен

    5
Рочишта за „Траекторија“ и „Триста“ на СЈО во Кривичен

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје за денеска се закажани нови рочишта за „Траекторија“, „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Предметот со кодно име „Триста“ се однесува на злоупотреба на службената должност каде беа набавени 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Во овој предмет обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски.

Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

 

5

ТАГОВИ: Кривичен суд СЈО

Back To Top