skip to Main Content

Ристовски: Околу новиот Закон за JO со опозицијата имаме приближување на ставови

    2
Ристовски: Околу новиот Закон за JO со опозицијата имаме приближување на ставови

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски, денеска, по средбата во Владата меѓу претставници на Владата и опозицијата, околу новиот Закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира и статусот на СЈО, изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на Обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите.

-Тука имаме приближување на ставовите, во делот на зголемувањето на Буџетот што би го имало Обвинителството во Република Северна Македонија. Значи да го зголемиме Буџетот на Обвинителството, како би добиле поголема самостојност како орган. Разговаравме и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и на самите обвинители. Во овој момент имаме приближување на ставовите, мислам дека тука можеме да изнајдеме заедничко решение во Законот- рече заменик министерот Ристовски.

Тој додаде дека состаноците и разговорите за Законот за Јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура, а за кој меѓународната јавност даде позитивна оценка за текстот, ќе продолжат и во текот на оваа недела и дека измените кои ќе се договорат, ќе одат амандмански во Собранието.

2

ТАГОВИ: Закон за јавно обвинителство Министерство за правда

Back To Top