skip to Main Content

Расправа за интерпелацијата на Спасовски и закони од судството на дневен ред во Собрание

    6
Расправа за интерпелацијата на Спасовски и закони од судството на дневен ред во Собрание

Во Собранието на Република Северна Македонија закажана е 88. седница на Парламентот, со расправа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

Собранието на продолжение на 86-та седница денеска треба да расправа за интерпелација  за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на барање на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците, меѓу останотото,  на 86. треба да расправаат и за  предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.

Дел од дневниот ред се и измените и дополнувањата на законите за јавен долг, за регистрирање на готовински плаќања,  за ревизија, за вршење на сметководствени работи, за субвенционирање на станбен кредит,  како и Предлог законот за прекинување на бременоста, во прво читање, Предлог законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан,…

 

6

ТАГОВИ: собрание

Back To Top