skip to Main Content

Разрешен судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција

    9
Разрешен судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 357-та седница одржана денеска (24.12.2020 година) одлучи да разреши еден судија, а за уште еден утврдил нестручно и несовесно работење.

Донесени се Одлука за престанок на функцијата на судии поротници на Основен суд Прилеп и за избор на судиии поротници на Основен суд Прилеп.

Исто така Судскиот совет донесе Одлука со која е утврдено правото на надоместок на закупнина на стан за судија кој живее во една а судиската функција ја извршува во друга општина.

Разгледани се извештаите на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Советот одлучи комисиите да ги доработат извештаите по дадените напатствија.

Во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд се донесени следните одлуки:

  • По едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд е продолжена постапката.
  • Донесена е Одлука со која е утврдено нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
  • Донесена е Одлука со која е изречена дисциплинска мерка писмена опомена.
  • Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.

Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

9

ТАГОВИ: Судски совет

Back To Top