skip to Main Content

Разрешен претседателот на Врховен- Јово Вангеловски

    2
Разрешен претседателот на Врховен- Јово Вангеловски

Судскиот совет по две години од поднесувањето на иницијативата одлучи да го разреши Јово Вангеловски и од функцијата Претседател на Врховниот суд и од функцијата судија. За оваа одлука гласаа 7 од 10-те члена што имаат право на глас,

Седницата се одржа зад затворени врати и траеше околу два часа. Во извештајот на тричлената комисија предлогот за разрешување бил образложен со нестручно и несовесно извршување на функцијата повразно со постапувањето во случајот со притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

Вангеловски на оваа одлука на Судскиот совет најавил дека ќе се жали.

Иницијативата за разрешување на Вангеловски ја поднесе невладината Зелена Лупа кон крајот на 2017та поради тоа што кривичениот совет на Врховен го укина притворот на бизнисменот Сеад Кочан, иако тој беше во бегство како обвинет за случајот Труст.

2

ТАГОВИ: јово вангеловски разрешување Судски совет

Back To Top