skip to Main Content

Пукање пред угостителски објект, МВР го расчистува случајот

    5
Пукање пред угостителски објект, МВР го расчистува случајот

Ноќва после полноќ е пријавено дека во временскиот период од 00,05 часот до 00,10 часот  пред угостителски објект во Долно Блаце биле испукани неколку истрели. , информира МВР.

Полициски службеници од Полициска станица „Долно Блаце“ излегле на местото на настанот и на паркинг просторот во близина на угостителски објект пронашле чаури од пиштол. Повредени лица нема.

Се работи на расчистување на случајот.

5

ТАГОВИ: долно блаце кафеана чаури

Back To Top