skip to Main Content

Професионалност и стручност, клучен критериум при избор на судии

    2
Професионалност и стручност, клучен критериум при избор на судии

Ново избраните пет члена на Судскиот совет на Република Македонија дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји се петтмината ново избрани членови на Судскиот совет, кои на 14.12. 2018 година ги добија уверенијата со кои се избрани за членови на Судски совет на РМ.

Судијката од Основниот суд Скопје 1, Гордана Спиревска во изјава за медиумите посочи дека како член на Судскиот совет ќе биде отпорна на политички влијанија.

-Ние судиите сме независни. Ќе бидеме отпорни на политички влијанија. Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија- изјави Спиревска и додаде дека професионалноста и стручноста, а не роднинските врски ќе бидат клучен критериум при изборот и унапредувањето на судиите.

2

ТАГОВИ: Судски совет членови

Back To Top